Новости

Македонија

Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, преку денот сончево со слаб северен ветер

Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, преку денот сончево со слаб северен ветер. Температура ќе биде во интервал од -4 до 8 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и студено. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 4 степени.

До сабота ќе преовладува стабилно и суво време. Ведрото време ќе услови во следните денови утринските температури да бидат ниски, особено утре и во четврток кога на места ќе се спуштат и под минус 10 степени.

Во петок и за време на викендот по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност, претежно во западните делови. Од недела попладне ќе има повремени врнежи од дожд.

Евротип
SNBROKER
To Top