Новости

Македонија

Времето денеска: Претпладне дожд, попладне сончево со температура до 34 степени

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20 степени, максималната ќе достигне од 27 до 34 степени, а УВ индексот – 7
Претпладнево на места ќе има зголемена облачност и услови за локален дожд со ретки грмежи. Попладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20 степени, максималната ќе достигне од 27 до 34 степени, а УВ индексот – 7.

Како што соопшти УХМР, во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17 степени, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во следните денови ќе настапи стабилизирање на времето. Ќе преовладува сончево и топло време, но во попладневните часови ќе има услови за појава на ретка изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Евротип
SNBROKER
To Top