Новости

Македонија

Времето денеска променливо облачно, студено и ветровито

Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, на планините со услови за провејување на слаб снег, на југозападот понекаде со слаб дожд. Попладне ќе биде посончево. Ќе дува засилен, во источните делови и вдолж Повардарието силен северозападен ветер кој на места ќе достигнува брзина и над 60 км/час.

Утринската температура ќе се движи од -2 до 6, а дневната од 3 до 13 степени.

Во Скопје слично време со засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди, а на планините повремено ќе провејува снег. Утринските температури во четврток и во петок во најголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Нов влажен бран со врнежи од дожд се очекува од сабота попладне.

Евротип
Евротип
To Top