Новости

Македонија

Времето денеска сончево со локална облачност и засилен северен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 11 до 20, а максималните ќе се движат од 29 до 35 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје ќе преовладува претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната до 32 степени.

Од УХМР информираат дека во наредните денови не очекува променливо и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи.

Евротип
Евротип
To Top