Новости

Македонија

Времето денеска сончево, утринска магла по котлините

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во утринските часови со услови за магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Во среда, претежно во јужните делови ќе има повремени врнежи од дожд.

GOLD
To Top