Новости

Македонија

Врнежливо и постудено

Денеска времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде повремено ќе бидат поројни и се очекува да наврнат до 20 л/м2 дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 18 Целзиусови степени, Маврово 13, Охрид 19, Битола 18, Крива Паланка 16, Берово 14, Кавадарци и Дојран 20.

Прогнозата за утре е променливо облачно и свежо, претпладне во западните и јужните делови со повремен дожд со послаб интензитет. Попладне ќе има намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Дневните температури ќе се движат од 14 до 22 степени.

 

 

Евротип
Евротип
To Top