Новости

Македонија

Германија ја врати Македонија на листата на ризични земји

Германија ја врати Македонија на листата на ризични земји, а според најновата одлука на германските власти, од македонските државјани при влез во Германија ќе се бара електронско пријавување и поседување вакцинален сертификат, потврда за прележан ковид или негативен ПЦР тест.

За лицата кои не биле заразени со вирусот и не се вакцинирани при влез во Германија ќе следува 10 дневен карантин, при што можат да бидат ослободени најрано на петтиот ден со тестирање за ковид-19.

Од оваа мерка се ослободени невакцинираните деца до шест години, на кои сепак карантинот им се прекинува по пет дена.

Евротип
SNBROKER
To Top