Новости

Македонија

Градоначалникот на Крушево заразен со коронавирус – хоспитализиран на инфективна

Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски е позитивен на корона вирус. Некои од медиумите информираат дека од вчера тој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни и фебриулни болести во Скопје.

За својата состојба ги информираше граѓаните преку објава на Фејсбук.

„Од почетокот на кризата со коронавирусот сум максимално внимателен. Се грижев за сопственото, здравјето на моето семејство и на сите граѓани кои доаѓаа во мојот кабинет. Но, овој вирус е непредвидлив и не секогаш можеме да го избегнеме. Ви порачувам да се грижите за себе и за најблиските и заедно да излеземе посилни од ова. Почитувајте ги мерките за заштита, носете маска, вршете дезинфекција и држете меѓусебно растојание, само така ќе се заштитите себеси, но и другите“, вели Христоски во објавата.

Градоначалникот првите симптоми ги почувствувал во неделата навечер, а веќе во понеделникот тестот покажал дека е позитивен.

GOLD
To Top