Новости

Македонија

Граѓаните на 191 можат да пријават ако има зголемување на цените на „замрзнатите“ производи

Министерот за економија Крешник Бектеши ги повикува граѓаните да пријават на бесплатниот телефонски број 191 на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во случај на драстично зголемени цени на основни прехранбени производи.

На оваа бесплатна телефонска линија сите граѓани можат да пријават неправилности кај трговците кои што не ја почитуваат Одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи, напиша на својот Фејсбук профил министерот Бектеши.
Како што информираше министерот, согласно Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало која што е објавена во Службен весник, започнувајќи од 06.12.2021 година се замрзнуваат цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало на: леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи и сирење и урда.

Оваа одлука, како што напиша министерот Бектеши на ФБ, ќе важи до 31 јануари 2022 година.

Евротип
SNBROKER
To Top