Новости

Македонија

Дали ќе се врати воениот рок во Македонија?

Партијата ТМРО апелира до македонската влада итно да се врати задолжителниот воен рок кај воените обврзници до 28 годишна возраст.

ТМРО уште пред 2 години покрена јавна дебата и иницијатива за враќање на задолжителниот воен рок, со оглед на тоа што државата не е членка на НАТО, ниту пак е со опкружување како Финска или Норвешка.

Во Македонија во моментов функционира професионална војска, а само незначително мал број млади луѓе се решаваат доброволно да служат војска.

Повозрасните често велат дека војската од детето прави маж. Тешко се сретнува некој од таа генерација кој не се согласува со продолжување на воениот рок.

Денеска кај младите нема некое расположение за служење војска.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: 24 вести

GOLD
To Top