Новости

Македонија

Дваесет и девет години независност, одбележувањето под посебни услови

Македонија денеска одбележува 29 години од независноста, односно од успешно спроведениот референдум во 1991 година на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.

Годинава, поради пандемијата со Ковид-19, прославата ќе се одржи во посебни услови согласно протоколите на Комисијата за заразни болести за одбележување државни празници, без масовни народни собири, со минимум присутни лица и почитување на мерките за заштита и растојание.

 

На денот на независноста се доделуваат и традиционалните награди „8 Септември“. Годинава, наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот и афирмација на спортот му се доделува на Љуљзим Вренези, а наградата со која им се оддава признание за спортисти, тенери и спортски работници ќе им биде врачена на Сократ Ефтимовски, Бесник Мурати, Ванчо Јовановски и на Ѓорги Вучков.

Во пресрет на одбележувањето синоќа артилерискиот баталјон на Армијата изврши почесна артилериска стрелба со пет плотуни.

 

GOLD
To Top