Новости

Македонија

Двајца пратеници со Ковид 19 во скафандери гласаа од посебни кабини во Собранието

Владеачкото мнозинство ја започна денешната клучна седница за гласање со обезбеден кворум од 62 пратеници во Сонранието, од кои 60 во салата и двајца во изолација во кабината, од кои една беше пратеничката од Битола, Бисера Костадиновска Стојчевска, која  дојде во скафандер како позитивна на Ковид-19.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, претходно рече дека Собранието било принудено да доведе двајца пратеници во кабината, затоа што не биле убедени дека опозицијата има волја да присуствува на гласањето.

Пратеничката на СДСМ од Битола Бисера Костадиновска-Стојчевска на својот Фејзбук профил објави дека пристигнува во Собранието со целосна заштита од Ковид 19 за да учествува во работата на Собранието. Таа, како што напиша е позитивна на Ковид 19.
„Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна КОВИД-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании.
Позитивна сум на КОВИД-19, но добро се чувствувам, со силна одлучност денес да победи народот.
Нема да дозволиме уцени! Мојата должност како пратеничка е постојана и благородна. И здрава и болна, имам обврска да направам сѐ граѓаните да ја добијат помошта која Владата ја обезбеди за нив.
А, ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата можат и понатаму да прават сѐ што намериле против народот – но џабе им е, денес ќе ја завршиме работата.
Граѓаните ќе победат и уште еднаш ќе видат колкава РАЗЛИКА ИМА меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ односно меѓу тоа да правиш СЀ ЗА народот и да правиш СЀ ПРОТИВ народот“, напиша Костадиновска-Стојчевска.

Со возило на Итна медициска помош кое сама го платила пристигна во Собранието во придружба на уште две лица исто така облечени во скафандери за заштита од коронавирусот.

Во кратка изјава за медиумите, пратеничката рече дека морало да пристигна во Собранието иако е позитивна, за да излезе во пресрет на граѓаните.


По два месеца драми и натегање меѓу политичките партии попладнево пратениците и од власта и од опозицијата, конечно го изгласаат петтиот пакет антикризни мерки од кои зависеше финансиската помош за граѓаните и фирмите за време на пандемија и од кои зависеше исплатата на платите за работниците за февруари и март.

Откако се обезбеди кворум со заразените пратениците од владејачкото мнозинство за 32.та седница која и претходеше на 36. седница на која требаше да се изгласаат антикризните мерки, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ влегоа во Собрание и присуствуваа на седницата, па мерките беа изгласани со поддршка и од власта и од опозицијата.

СН Брокер
To Top