Новости

Македонија

Двајца прилепчани повредени во сообраќајката на Плетвар

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа која вчера околу 14:20 часот се случи на Плетвар.

Од МВР информираат дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, во близина на крстосница за с. Раец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Волво“ со албански национални ознаки, управувано од Л.Д.(50) од Република Албанија и патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.М.(48) од Прилеп.

-Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило К.М. и сопатникот Е.А.(41) од Прилеп, констатирани во болницата во Кавадарци, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

Евротип
SNBROKER
To Top