Новости

Македонија

Две починати лица и нови 590 случаи на ковид-19 во последните 24 часа

Две починати лица, 590 нови случаи од кои 142 се реинфекции и 583 оздравени пациенти е билансот на ковид-19 за последните 24 часа, согласно податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира Министерството за здравство (МЗ).

Најголем број од новите случи (261) се регистрирани во Скопје. По главниот град следуваат Битола со 34, Кавадарци со 31, Охрид со 27, Тетово со 23, Куманово и Велес – по 21, Прилеп со 19, Делчево со 17, Штип со 16, Гевгелија со 12, Струмица и Струга – по 11, Кочани со 10, Гостивар и Неготино – по девет, Радовиш и Виница – по седум, Берово со 6, Крива Паланка и Кратово – по пет, Кичево и Валандово – по четири, Ресен, Свети Николе и Демир Капија – по три, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Дебар, Пробиштип и Пехчево – по 1.

Двете починати лица се евидентирани во Скопје (72 год.) и во Охрид (82 год.).

Досега во земјата се направени вкупно 2.137.986 милиони тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 336.041, бројот на оздравени пациенти е 323.051, на починати е 9.426.

Евротип
SNBROKER
To Top