Новости

Македонија

Двонеделен карантин за македонските државјани што ќе одат во Албанија

Патниците од Грција и Македонија ќе мора да седат во карантин во траење од 14 дена по влез во Албанија. Мерката ќе стапи во сила од вторник, 20 април, објави денеска албанскиот Комитет на експерти за справување со пандемијата.

– Ефектот од масовната вакцинација во нашата земја почна да се чувствува. Но, она што се забележува во регионот е една ситуација што не е иста како во нашата земја. Во Северна Македонија и Грција е зголемен бројот на случаи, но и бројот на изгубени животи, а тоа може да се види на презентираните графикони. Предизвик на нашиот комитет е да ги подобри индикаторите – рече Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик-министерка за здравство.

Мерката ќе биде во сила до 3 мај, пренесе порталот „Егзит“.

Исто така, било одлучено од утре наставата во средните училишта да се изведува комбинирано – и на училиште и преку интернет.

Комитетот исто така објавил дека во следните денови во Албанија ќе пристигнат 200.000 дози вакцини.

GOLD
To Top