Новости

Македонија

Дел од пекарниците најавуваат пониска цена на лебот

Дел од пекарниците најавиja дека од денеска граѓаните ќе може да купуваат леб и по пониска цена. Во наредниот период, ќе има корекција и на цените на другите пекарски производи, за околу 10 проценти.

Снижувања за над 10 отсто се можни и кај месните производи доколку владата донесе одлука со која би се укинале давачките на увозните суровини, како што бараат компаниите од овој сектор. Млечните производи кои, според преработувачите,се очекува да бидат поевтини од јануари.прехранбената индустрија од денеска преку „ЕВН дистрибуција “, треба да добива струја по субвенционирана, фиксна цена од 80 евра за мегават час.Мелничарите и натаму се на ставот дека со активирање на стоковните резерви би се постигнал поширок бенефит. Посериозна стабилизација, пак, на цените кај млечните производи, како што оценуваат од млечната индустрија, може да се очекува само ако им се даде поевтина струја и на фармерите.

-Министерот за економија Крешник Бектеши синоќа во телевизиско гостување појасни дека од производителите на прехранбени производи ќе треба да им понудат на маркетите нови намалени цени, но дека треба да се има предвид и фактот дека маркетите имаат залихи од претходно.

Тој најави засилени контроли од страна на пазарниот инспекторат, а ги повика и граѓаните доколку забележат злоупотреби кај трговците, да ги пријават.

Евротип
SNBROKER
To Top