Новости

Македонија

Денеска е Меѓународен ден на Ромите

Денес се одбележува Меѓународниот ден на Ромите, ден на славење на ромската култура и традиција како нераскинлив дел од нашето мултиетничко, мултикултурно, мултијазично и мултирелигиско општество.

Но, во исто време на овој ден се истакнува и одбележува континуираната борба против дискриминацијата, сегрегацијата и маргинализацијата со кои Ромите се соочуваат секојдневно во речиси сите оштествени сфери.

Во ситуација кога дури 85,6 % од Ромките не го посетиле својот матичен гинеколог, само 3% од граѓаните вклучени во активните мерки за вработување се Роми и додека припадниците на ромската етничка заедница се уште се најчесто жртви на расизам, дискриминација и сегрегација, не можеме да зборуваме за значаен напредок во превенција и заштита од дискриминација врз Ромите на системско ниво. Дополнително, ваквата ранливост на Ромите е зголемена во време на пандемијата, предизвикана од КОВИД-19, бидејќи голем дел од ромската етничка заедница се соочува со екстремна сиромаштија, супстандардни услови за живот и недостиг на адекватна здравствена заштита.

Токму заради ова, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација како национално тело за еднаквост, кое за прв пат во својата историја има и член Ром, се обврзува во својот мандат и во рамките на своите проширени законски надлежности да ги приоретизира превенцијата и заштитата од дискриминација врз Ромите во сите општествени сфери. Комисијата особено посветено ќе работи на елиминирање на сегрегацијата на децата Роми во образованието, отстранување на системската дискриминација во пристап до здравствени услуги и на превенција и заштита од дискриминација во пристапот до добра и услуги на Ромите. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ги повикува и охрабрува сите граѓани од ромската етничка заедница кои сметаат дека биле дискриминирани да ги пријават случаите на дискриминацијата во Комисијата и да добијат соодветна правна заштита.

Честит 8ми Април, Bahtalo Romano Dive!

GOLD
To Top