Новости

Македонија

Денеска е неработен ден за припадниците на турската заедница

Припадниците на турската заедница во земјава денеска го одбележуваат Денот на настава на турски јазик, кој е единствен национален празник на Турците во Република Северна Македонија и од 2007 година е неработен ден за нив.

На 21 декември  се одбележуува почетокот на наставата на турски јазик – на овој датум 1944 година, во основното училиште „Тефејуз“  во Скопје.

Во посета на земјава денеска ќе биде претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп, кој ќе има средби со државниот врв.

Евротип
SNBROKER
To Top