Новости

Македонија

Денеска е првата „Баба“ – што кажува легендата за трите „Баби“

Наредните три дена (11, 12 и 13 април) се наречени „Бабите“. Се верува дека времето може да биде студено додека не поминат бабите. Тоа се три дена на крајот од март (според стариот календар) и се идентификуваат со трите најстари баби во селото. Се гледа какво ќе биде времето во текот на овие три дена, и по тоа се кажува дали биле лоши или добри трите најстари баби во селото.

Браќата Миладиновци запишале:„ Последните дни од марта се викаат бабини дни, кои обикновено сет студени и ветерливи. Тие дни се земени од априља, еве како. Една стара жена по излегувањето од Марта, како виде че времето беше топло и многу хубаво рече: „ Циц козица на планина, прдни Марту на брадина“ и си излезе со козите на планина. На Марта и падна тешко да се презират од една баба и рече на априља:„Априле, лиле, мој побратиме, придај ми три дни да згубам баба“. Април и даде и захвати таков студ, лапавици и ветришта, што бабата сосе кози замрзнала. И денеска, велет, стојат каменообразни бабата и козите на Шар Планина“:

GOLD
To Top