Новости

Македонија

Денеска е Свети Василиј Велики – Василица-за многу години

Денес се слави и свети Василиј Велики, кој се упокоил на овој ден. Овој празник се празнувал уште во првите векови на христијанството

Осмиот ден после раѓањето, Христос бил однесен во храмот и обрезан. Во Стариот завет со тоа се запечатувала припадноста на народот наследник на Божјите ветувања.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четрвтиот век. Родум бил од Кападокија, завршил школа во Атина. Бил голем христијански философ, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Се упокоил во 379 година.

Поради совпаѓањето со празникот на Свети Василиј овој празник во народот најчесто е познат како Василица, а тоа најповеќе асоцира на обичаите и верувањата поврзани со Новата Година. Василица се паѓа во периодот на т.н. Некрстени денови, период што трае од Божик до Водици, кога според легендата Исус не бил крстен и ѓаволите се мачеле да го излажат да не се крсти и да не се исполни волјата божја.

Верското учење вели дека лепчето со паричка треба да се подели на Василица. Секој во семејството добива по едно парче од погачата, а тој што ќе ја добие паричката ќе има среќа во текот на целата година. Според свештениците, лепчето се крши на 14 јануари, но истото може да се стори и вечерта на 13 јануари, во пресрет на празникот.

Со тој благослов православните верници во земјава  денеска 14 јануари годинава  ја прославаат православната Нова година, позната како ден на свети Василиј Велики ­ Василица. Исто така, на овој ден се обележува и празникот Обрезание Господово.

Евротип
SNBROKER
To Top