Новости

Македонија

Денеска е Свети Никита

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 септември, денот посветен на Св. маченик Никита.

Свети Никита по потекло беше Гот. Во негово време готскиот кнез Атанарик започна гонење на христијаните во својата област. Меѓу оние што не сакаа да се откажат од Христа се најде и овој свет маченик. Беше фрлен во оган и на тој начин погубен, но Бог така устрои неговите мошти сепак да останат цели. А нив ги зеде другарот на Никита, Маријан, и ги пренесе од готската земја (Влашка и Бесарабија) во областа Киликија во Мала Азија, во градот Мопсуест. Тука неговите чудотворни мошти беа положени во црквата подигната во негов спомен. А пострада и се прослави овој чудесен маченик во 375 година.

GOLD
To Top