Новости

Македонија

Денеска е Св. Кирил Александриски

Се роди во Александрија, во втората половина од четрвтиот век. Потекнуваше од благородно семејство и беше роднина со тогашниот александриски архиепископ Теофил. Подолго време се подвизуваше во Нитриската пустина, под раководство на старец Серапион.

Оттаму го повика архиепископот Теофил и го ракоположи во чин ѓакон. Кога во 412 година Теофил се упокои, народот го избра Кирил за нов епископ на Александрија.

Во негово време се појави ереста на Несториј, кој на Христос му ја одрекуваше божествената природа.

Разобличувањето на оваа ерес на Третиот вселенски собор во 431 година во голема мерка е заслуга на свети Кирил. Свети Кирил Александриски се упокои во 444 година.

Евротип
SNBROKER
To Top