Новости

Македонија

Денеска е Св. маченик Исидор

Овој Исидор потекнуваше од островот Хиос и уште од мал се држеше до Христовата вера. Кога стана маж го зедоа сосила во војската.

Но, таму набргу дознаа дека е христијанин, па војводата го повика кај себе и го советуваше да се откаже од Христа и да им принесе жртва на идолите.

Кога овој тврдо ја исповеда својата вера во Христа, војводата го стави на маки, а потоа му го исече јазикот.

Но, свети Исидор во срцето постојано го славеше Бога. Најпосле го изведоа да го погубат и џелатот го обезглави. Свети Исидор пострада во 251 година. Неговиот другар Амониј го зема неговото тело и го погреба, поради што и самиот беше убиен.

Евротип
SNBROKER
To Top