Новости

Македонија

Денеска е спомен на Светиот маченик Јаков Персијанец: Никогаш не е доцна за покајување

Според календарот на МПЦ , кој се води по стар стил , 10-ти декември е 27-ми ноември,ден посветен на Светиот маченик Јаков Персијанец.

Роден е во персискиот град Елапа или Вилат, од христијански родители, воспитан во христијанската вера и оженет со христијанка. Персискиот цар Издигерд го засака Јаков заради неговата надареност и спретност и го направи прв благородник на својот дворец. Поласкан од царот, Јаков се опрелести и им принесе жртва на идолите на коишто царот им се поклонуваше. Кога слушнаа за ова, мајка му и жена му му напишаа прекорно писмо во коешто го оплакуваа како богоотпадник, молејќи го, сепак, при крајот на писмото да се покае и да Му се врати на Христа. Трогнат од ова писмо Јаков горко се покаја и одважно ја исповеда пред царот својата вера во Господ Христос.

Денеска е спомен на Светиот маченик Јаков Персијанец: Никогаш не е доцна за покајување.
Според календарот на МПЦ , кој се води по стар стил , 10-ти декември е 27-ми ноември,ден посветен на Светиот маченик Јаков Персијанец.

Роден е во персискиот град Елапа или Вилат, од христијански родители, воспитан во христијанската вера и оженет со христијанка. Персискиот цар Издигерд го засака Јаков заради неговата надареност и спретност и го направи прв благородник на својот дворец. Поласкан од царот, Јаков се опрелести и им принесе жртва на идолите на коишто царот им се поклонуваше. Кога слушнаа за ова, мајка му и жена му му напишаа прекорно писмо во коешто го оплакуваа како богоотпадник, молејќи го, сепак, при крајот на писмото да се покае и да Му се врати на Христа. Трогнат од ова писмо Јаков горко се покаја и одважно ја исповеда пред царот својата вера во Господ Христос.

Седумнаесет Индиски преподобни маченици

Христијански монаси, пострадаа од индискиот цар Авенир. Царот Авенир се разлути на Старецот Варлам затоа што го крсти царскиот син Јоасаф и испрати потери по Варлам. Потерите не го фатија Варлам, но фатија други седумнаесет монаси и ги доведоа пред царот.

Преподобен Роман Чудотворец

Се подвизуваше во околината на Антиохија. Во својата келија никогаш не ложеше оган и не палеше свеќа. Се упокои мирно. Беше чудотворец за време на животот и после заминувањето. Им помага на неплодните жени кога му се молат.

Преподобен Пинуфриј

Тој е современик на Св. Касијан (29 февруари) и голем мисирски подвижник. Живееше во 4 век и се подвизуваше на разни места, сè бегајќи од човечките пофалби. Имаше многу ученици, коишто се трудеа да го подражаваат возвишениот пример на својот учител.

Преподобен Натанаил

Монах нитриски. Деноноќно Му се молеше на Бога и се просветуваше со размислување за Божествените нешта. Не излегуваше од својата келија ни преку нејзиниот праг полни триесет и осум години. Се упокои во Господ во втората половина на 6 век.

Евротип
SNBROKER
To Top