Новости

Македонија

Денеска променливо облачно, викендов пораст на температурите

Времето во текот на денот ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец. Утринските температури ќе бидат во интервал од 1 до 10 степени, а дневните од 14 до 22 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне 20 степени.

За време на викендот утрата ќе бидат студени, а дневната температура ќе биде во пораст, позначителен од почетокот на следната седмица.

Според прогнозата на УХМР, од вторник ќе има дестабилизирање на времето со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни со грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветар.

Евротип
SNBROKER
To Top