Новости

Македонија

Денеска променливо облачно, со температури од 12 до 21 степен

Времето денеска ќе биде студено наутро, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на попладнето, облачноста ќе се намали. Ќе дува умeрен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималните температури ќе се движат од 0 до 10 степени, а максималните од 12 до 21 степен.

Во Скопје, претпладне ќе биде умерено до значително облачно, додека попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, прогнозираат синоптичарите.

Евротип
SNBROKER
To Top