Новости

Македонија

Денеска се слави Св. маченичка Христина

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 јули. Денеска е Св. маченичка Христина.

Света Христина по род беше од градот Тир и беше ќерка на царскиот намесник Урбан, незнабожец. Воспитана во истиот дух таа сепак, гледајќи ја убавината на созданието, дојде до познание на Бога и во една прилика ги искрши празните идоли во својот дом.

Света Христина пострада за Христа во третиот век.

Според Католичкиот календар денеска е Преображение Господово.

Свети Мојсиј и свети Илија како претставници на Стариот завет и свети Петар, свети Јаков и свети Иван од Новиот завет биле сведоци на Исусовата слава. Апостолите од Новиот завет биле сведоци на Исусовото понижување и маките кои ги претрпел на Велики петок. Гледајќи толкава слава на Преображението Исусово, нивното срце се наполнило со радост и големо верување.

Евротип
Евротип
To Top