Новости

Македонија

Денеска сончево и топло, од вечерва дожд и снег

Во текот на денот ќе преовладува сончево и релативно топло време со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 25 л/м2) на планините од снег. Поради продор на студена воздушна маса во текот на ноќта врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места.
Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ЗА ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСА до 7 часот (во л/м2)
41 Пожаране, 39 Дебар, 33 Маврово, 30 Тетово, 24 Лазарополе, 19 Крушево, 18 Претор, 16 Охрид, 12 Крива Паланка, Виница, 10 Битола, 9 Берово, 7 Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, 6 Прилеп, Струмица, 5 Штип, Куманово, 4 Дојран, 3 Скопје-Петровец, 2 Демир Капија.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-2 Лазарополе, 0 Маврово, Kрушево, 2 Претор, 3 Скопје-Петровец, 4 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Охрид, Дебар, Куманово, 5 Крива Паланка, Битола, Прилеп, Берово, 6 Гевгелија, 7 Виница, Струмица, 8 Штип, Демир Капија, Дојран.

GOLD
To Top