Новости

Македонија

Денеска сончево, од утре драстична промена на времето

Максимални 37 степени денеска не очекуваат според метеоролозите. Сончево и топло време со УВ индекс кој ќе биде 8. На места ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Од среда синоптичарите најавуваат промена на временската прогноза. Се очекува пад на температурата за неколку степени. Локални поројни дождови со грмежи и ветер ќе ја зафатат територијата на Македонија.

Во четврток времето ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Попладне претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Евротип
Евротип
To Top