Новости

Македонија

Денеска со дожд и снег на планините, снег на Маврово

Утрово најстудено со -1 стен беше на Попова Шапка, 0 Лазарополе, 1 Маврови Анови, 2 Крушево, Кр.Паланка, 4 Претор, Берово, 5 Битола, Тетово, 6 Охрид, Виница, Штип, Струмица, Куманово, 7 Демир Капија, Дојран, Скопје – Петровец, Скопје – Зајчев Рид, 8 Гевгелија.

Наврнат водел талог за изминатите 24 часа (во л/м2), до 7 часот: 8 Дебар, 7 Пожаране, Маврови Анови, 3 Лазарополе, 2 Претор, Тетово, Крушево, 1 Охрид, Битола, Попова Шапка.

Во текот на ноќта и утрово од запад се прошири зголемена облачност од која кон изутрина започна повремен дожд претежно во западните делови. Утринава во Д. Капија и Штип дува и засилен ветер, повремено со брзина и од 40 км/час.

Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд претежно претпладне и во западните делови каде локално ќе наврнат над 20 л/м2. На планините врнежите ќе бидат од снег и таму ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен до југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11 степени. Во Битола до 9 степени.

Евротип
SNBROKER
To Top