Новости

Македонија

Денеска треба да биде познато дали во земјава има случај заразен со мајмунски сипаници

ИЈЗ денеска треба да информира дали суспектниот случај е навистина заразен со мајмунски сипаници. Здравствените власти најавија дека денеска ќе завршат анализите на земените примероци.

Претседателот на КЗБ соопшти дека пациентот од Кичево е во добра здравствена состојба и нема потреба од хоспитализација. Во меѓувреме КЗБ донесе и препораки за заштита од ширење на мајмунски сипаници по појавата на првиот суспектен случај во земјава.

На последната седница е утврдено дека се воведуваат изолација и карантин во домашни или болнички услови на сите сомнителни случаи до нивно тестирање. Се воведува изолација и на потврдените случаи до завршување на болеста и зацелување на крастите. Епидемиолошки ќе се следат и контактите на потврдените случаи за време на траење на инкубацијата од 21 ден.

Од КЗБ информираа дека во земјава има тестови за мајмунски сипаници.

Евротип
SNBROKER
To Top