Новости

Македонија

Денеска ќе се состанат Путин и Ердоган

Анкара ја смета “YPG”, кудрската милиција во Сирија која е поддржана од САД, за терористичка група за која се сомнева дека е поврзана со домашните бунтовници.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин денеска треба да се состанат во руското црноморско летувалиште Сочи.

На врвот на дневниот ред покрај другите регионални прашања ќе биде и турскиот упад поради напад на курдската милиција на северот на Сирија, пренесува државната телевизија “TRT”.

Москва неодамна советувала да не се започнува таква офанзива.

Анкара ја смета “YPG”, кудрската милиција во Сирија која е поддржана од САД, за терористичка група за која се сомнева дека е поврзана со домашните бунтовници.

Турската офанзива на северот на Сирија е на чекање од 2019-та година по два договори за прекин на огнот кои ги договориле САД и Русија.

Двајцата лидери исто така ќе расправаат за војната во Украина и договорот за коридорот за извоз на житарки, додава “TRT”. Турција и Обединетите нации неодамна посредувале во постигнување на договор меѓу Москва и Киев за обнова на извозот на житарки од три украински пристаништа.

Според Кремљ, на дневниот ред исто така е потенцијална продажба на борбени беспилотни летала од Турција во Русија.

Путин неодамна рекол дека Русија ќе соработува со турскиот произведувач на беспилотни летала “Bayraktar”, известил локалниот “CNN Turk”.

Украинската војска ги користи дроновите “Bayraktar TB2” против руските сили од почетокот на инвазијата во февруари.

Турција одржува блиски односи со Украина и со Русија и себеси се смета за посредник меѓу двете соседни земји.

Евротип
SNBROKER
To Top