Новости

Македонија

Денеска 721 новозаболени лица, 56 во Прилеп, 23 во Битола – 7 починати лица

Во последните 24 часа направени се 3 816 тестирања за ковид-19 од кои се регистрирани 721 нов случај, информираше Министерството за здравство.

Новите случаи се во: Скопје – 334, Прилеп – 56, Кавадарци – 52, Неготино – 34, Велес – 26, Охрид – 24, Битола – 23, Куманово – 22, Тетово – 18, Струмица – 16, Гевгелија – 15, Крива Паланка – 14, Гостивар – 13, Струга – 10, Богданци – 9, Кичево и Делчево – по 8, Крушево – 7, Штип – 6, Кочани и Ресен по 5, Свети Николе – 3, Дебар, Пробиштип, Виница, Валандово и Кратово – по 2, Берово, Демир Хисар и Пехчево – по 1.

Регистрирани се 171 оздравен пациент од: Скопје – 71, Кавадарци – 20, Прилеп – 18, Куманово – 14, Тетово – 12, Велес – 6, Кочани – 5, Гевгелија и Битола – по 4, Штип, Струмица и Неготино – по 3, Гостивар и Кратово – по 2, Ресен, Охрид, Делчево и Валандово – по 1.

Пријавени се вкупно 7 починати лица: 2 пациенти од Скопје (68г, 81 г) и по еден пациент од Тетово (49г), Прилеп (73г), Струмица (76г), Кочани (72г) и Делчево (43г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Со статистиките од последното деноноќие бројот на активни случаи се искачи над 8 000 и во моментов изнесува 8 290 (вчера имаше 7 748 активни случаи). Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата во нашата земја 102 482. Од нив се излекувале 91.066 лица, а починале 3 126.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 44 818, активни 3 681
Куманово 5567, активни 264
Тетово 5 446, активни 277
Прилеп 5 384, активни 641
Гостивар 3 783, активни 149
Штип 3 656, активни 125
Велес 3 452, активни 270
Битола 3 436, активни 187
Кавадарци 3 356, активни 591
Охрид 3 242, активни 426
Струмица 2 712, активни 180
Струга 2 409, активни 182
Кочани 1 822, активни 71
Кичево 1 777, активни 74
Неготино 1 230, активни 214
Гевгелија 1 214, активни 183
Свети Николе 1 109, активни 26
Крива Паланка 836, активни 92
Ресен 810, активни 67
Дебар 794, активни 43
Радовиш 744, активни 26
Делчево 742, активни 190
Берово 642, активни 25
Пробиштип 544, активни 28
Виница 521, активни 25
Валандово 368, активни 31
Крушево 284, активни 74
Кратово 277, активни 36
Богданци 274, активни 48
Демир Хисар 266, активни 16
Македонски Брод 252, активни 7
Демир Капија 241, активни 31
Македонска Каменица 193, активни 3
Пехчево 186, активни 4
Дојран 95, активни 3

GOLD
To Top