Новости

Македонија

Денес времето ќе биде многу топло, за попладне се најавуваат поројни дождови

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Метеоролозите од УХМР најавуваат нестабилност за попладне која ќе биде проследена со поројни дождови, грмежи, и силен ветер.

Максималната температура ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 8.

И во Скопје ќе биде сончево и многу топло, попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Топлото време на територија на државата ќе се задржи до четврток, а попладневните и вечерни часови ќе бидат нестабилни со локални невремиња и град.

За време на викендот се очекуваат и пад на температурите.

Евротип
SNBROKER
To Top