Новости

Македонија

Денес 5 новозаболени лица во Прилеп, 11 оздравеле, активни се 123 случаи

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, четврток, 1 октомври:

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 5 нови случаи на коронавирус, а 11 лица оздравеле од заразната болест;

Бројот на активни случаи изнесува 123, од кои 93 се наоѓаат на домашно, а 30 на болничко лекување;

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 248 лица;

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 689.

GOLD
To Top