Новости

Македонија

Ден за високи гости на вежбата „Seven stars 2022“

На армискиот полигон „Криволак”, денеска ќе се реализира Ден за високи гости на вежбата „Seven stars 2022″ во организација на Бригадата за Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ), каде ќе биде прикажана теренска вежба на која ќе се демонстрираат активности на тактичко ниво од страна на единица од составот на Армијата на Република Северна Македонија, како земја домаќин.

Како што најавија од АРМ, на денот за високи гости ќе присуствуваат заменикот на министерката за одбрана, Башким Хасани, претседавачот на иницијативата СЕДМ, военото раководство од Генералштабот и генерали на Армијата на Република Северна Македонија, претставници на Министерствата за одбрана и Вооружените сили на земјите членки на СЕЕБРИГ, воени аташеи и други гости.

Kомандата на Бригадата за Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ), која е стационирана во Република Северна Македонија е организатор на вежбата „Seven stars 2022″ која се изведува во Центарот за симулација во составот на Командата за обука и доктрини во касарната „Алексо Дeмниевски Бауман” во Велес, во касарната „Боро Менков” во Куманово и армискиот полигон „Криволак”.

– На вежбата учествуваат повеќе од 200 цивилни и воени припадници на земјите членки на СЕЕБРИГ, кои преку компјутерски симулирани вежби и вежби на карта користејќи ги НАТО процедурите при командување и контрола ја подобруваат меѓусебната интероперабилност при учество во операции за поддршка на мирот, хуманитарни асистенции и операции за одговор при катастрофи, наведоа од АРМ.

Евротип
SNBROKER
To Top