Новости

Македонија

Доаѓа невреме со пороен дожд, грмежи, град и ветер

Денес попладне ќе се спасиме од пеколните горештини, но, пак, ќе дојде друго невреме. Најавите од УХМР се дека од денес до пладне времето ќе биде сончево и топло, но попладне, претежно во северните делови, ќе има пороен дожд, грмежи и ветер. Максималната температурата ќе достигне до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Поројните дождови ќе траат до вторник, според УХМР, се очекува облачно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места се очекуваат поинтензивни врнења со пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер, од над 60 километри на час и услови за појава на град. Од утре ќе опаднат и температурите.

СН Брокер
To Top