Новости

Македонија

Додека омикрон се шири, за патување обезбедете патничко осигурување со покритие за Ковид во СН Осигурителен брокер

Во услови кога поради омикрон варијантата, бројот на заболени од Ковид 19 драстично расте, како во земјата, така и во светот, доколку се подготвувате за патување навреме обезбедете здравствено патничко осигурување со покритие од Ковид-19.

СН Осигурителен брокер нуди полиса за здравствено патничко осигурување со дополнителна заштита од Ковид-19 и без временско ограничување.

Во услови кога пандемијата на корона висурот веќе предолго трае, а луѓето сакаат да се вратат во нормала, вклучувајќи ги и патувањата, здравственото патничко осигурување нуди дополнителна заштита со оглед на тоа што здравствените трошоци поради Ковид 19 можат да бидат доста високи.

Петтиот бран на пандемијата со Ковид-19 предизвикан од омикрон-сојот, кој многу лесно се пренесува, веќе доведе до драстично високи бројки на позитивни и болни.

Сега се појави и подваријантата BA.2, чие постоење е веќе докажано во повеќе од 40 земји, пишува Deutsche Welle. Брзото ширење на оваа подваријанта сугерира дека би можело да биде уште позаразна од првата варијанта на сојот омикрон BA.1.

Според последните податоци на Министесрвото за здравство на Република Северна Македонија досега во земјата се направени вкупно 1.762.045 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 261.347, а бројот на активни случаи изнесува 21.883.

Во Германија за првпат е надмината бројката од 200.000 новозаразени со коронавирус што е нов рекорд кога се во прашање новите случаи за едно деноноќие во таа земја.

Во изминативе 24 часа во Словенија е потврдено присуство на коронавирус кај 14.206 лица, само еден ден откако во оваа земја беа потврдени рекорд од речиси 17.500 случаи.

Во Србија во последните 24 часа се регистрирани 19.063 нови случаи на коронавирус, што преставува речиси ист рекорден број на заболени како и вчера кога беа евидентирани 19.901.

Чешка денеска трет ден по ред пријави рекорден дневен број на заразени со Ковид-19, имајќи предвид дека бројот на нови случаи за прв пат надмина 50.000. Чешката Република регистрирала 54.685 нови случаи на коронавирус во изминатите 24 часа.

Од почетокот на пандемијата уште неколку земји од Централна и Источна Европа регистрираа најголем број на заразени и тоа Бугарија пријави 12.399 нови случаи, Полска 53.420, Романија 34.255, Унгарија 20.174 и Молдавија 5.138 случаи.

Евротип
SNBROKER
To Top