Новости

Македонија

Дождот и снегот ги зголемија водостоите на реките, највисоко нивото во источните и јужните делови

Врнежите од дожд и снег кои паѓаат изминатите десетина дена, а особено во последните 48 часа, ги зголемија водостоите на водотеците и суводолиците во земјава. Најголеми покачувања на водостоите има во источните и јужните делови од државата, а излевања на реките се забележани во сливовите на реките Брегалница, Струмица и Крива Река.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека високи водостои има и кај Пчиња, Треска, Црна и Боротинска река, а појава на заезерување има во Пелагонија и Струшкиот регион.

– Во моментов бележиме намалување на водостоите од горните сливни подрачја, и
сеуште високи водостои во долните сливни подрачја и тоа кај реките Пчиња, Брегалница, Струмица, Црна и Боротинска Река, велат од УХМР.

Оттаму препорачуваат внимателно движење покрај реките и суводолиците поради појава на свлечишта.

Евротип
SNBROKER
To Top