Новости

Македонија

До денес попишани 49.837 лица од дијаспората, нема да има одложување на пописот

До денеска, 12.03.2021 во 08:00, Државниот завод за статистика информира дека се евидентирани 49837 лица преку апликацијата за самопопишување.

Државниот завод за статистика вели дека не е побарано негово одложување заради Ковид-19, а надлежните тврдат дека се обезбедени сите здравствени протоколи за безбедност на попишувачите. Во меѓувреме, опозицијата со писмо до меѓународни фактори бара одложување на пописот за во септември.

„Државниот завод за статистика ги отфрла пишувањата на некои медиуми дека бара одложување на Пописот поради состојбата со Корона вирусот. Заводот забрзано се подготвува за теренските пописни активности кои се одвиваат во согласност со планираните рокови. Сите мерки предвидени со Протоколот донесен од страна на Комисијата за заразни болести и Владата на РСМ се почитуваат и со нив се гарантира безбедноста на сите учесници во Пописот. Пописот ќе започне на 1 април 2021!“, се вели во соопштението од ДЗС.

Министерот за здравство, Венко Филипче вчера изјави дека се подготвени и за правање тестови, и оти има капацитети да се направат и да се промени протоколот доколку има потреба.

Сепак, тој смета дека и сегашниот протокол е доволен за заштита од Ковид-19.

Според директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, пописот би се одложил само ако Комисијата за заразни болести процени дека не е безбедно тој да се спроведува.

Тој вчера изјави дека единствените кои можат да предложат одложување на пописот поради Ковид е Комисијата за заразни болести.

Опозицијата, пак, бара одложување на пописот за во септември, и останува на ставот дека негово спроведување во април може да предизвика ризик за здравјето на граѓаните.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера напиша писмо до амбасадорите кои го преставуваат меѓународниот фактор во земјава, во кое предлага пописот да се одложи за во септември.

Мицкоски не се сомнева во потребата од кредибилен попис, но според него, во овој момент не е време за негово одржување.

Евротип
Евротип
To Top