Новости

Македонија

До четврток променливо облачно време

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието од северозападен правец. Попладне ќе биде нестабилно, на места со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, а локално со поинтензивни процеси. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ=7.

До четврток ќе се задржи променливо облачно време, попладне нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Во петок ќе биде посончево и потопло со умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец, а од сабота повторно ќе има услови за попладневна нестабилност со краткотраен дожд и грмежи.

GOLD
To Top