Новости

Македонија

До 9 часот во Битола на гласање излегле 4,34 проценти, во Прилеп 5,76 проценти

Излезноста до 9 часот на нивно на држава 3,62 проценти, но се работи за податоци кои не се од сите избирачки места.

Од овој регион во Битола до 9 часот на гласање излегле 4,34 проценти, во Прилеп 5,76 проценти, во Новаци 7,09, во Могила 4,26, во Демир Хисра 6,19, за Крушево до 10: 15 часо се уште немаше излезност за до 9 часот, како во другитер општини,  во Кичево до 9 часот на гласање излегле 3,29,  во Македонски Брод 5,33, во Долнени исто така нема информација за излезноста,  во Кривогаштани 5,46 и во Ресен 7,57 проценти од запишаните избирачи.

Бројот на гласачи во Општина Битола за денешните избори 80.882. Сите избирачки места утрово навреме се отворени, велат од Општинската изборна Комисија. Нема други проблеми, освен технички со уредите за идентификација.

Доколку уредот не може електронски да го идентификува гласачот, тогаш се пристапува со отпечаток од прст во избирачкиот список каде што се наоѓа запишан избирачот.

 

 

Евротип
Евротип
To Top