Новости

Македонија

Драги Рашковски си поднесе оставка

Драги Рашковски утрово на својот фејсбук профил ја објави оставката од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и на стратешки проекти.

Тој писмото со оставката до премиерот Зоран Заев го доставил на 12 април.

-Повлекувањето е поврзано со зачувување на достоинството и интегритетотнапиша Рашковски во оставката.

Неговото име во последниот период е поврзано со бројни скандали, тендери, непријавен имот, злоупотреби на службена должност…

-„Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции. За лажните вести најдобро искуство да го преточиш во научен труд е преку лично искуство. Се надевам лажните вести ќе престанат, зошто нивното негативно влијание не штети само лично. Вистинската причина за повлекувањето е наведена во самото писмо. Сѐ поразлично од тоа е лажна вест, напиша Рашковски во фејсбук-пораката.

Од Обвинителството, кое по допрен глас почна да го испитува случајот, информираат дека станува збор за предистрага и во оваа фаза не можат да соопштат никакви детали.

GOLD
To Top