Новости

Македонија

Драстично зголемено нивото на водата во реките

Нивоата на реките се драстично зголемени по врнежите што изминативе денови ја зафатија земјава. Некои се дури речиси шест пати над просекот за јануари.

Според денешните хидролошки мерења, надојдени се Вардар, Треска, Лепенец, Пчиња, Бабуна, Брегалница, Струмица, Црна и Сатеска.

Обилни врнежи од дожд ќе има и денеска на територијата на целата земја, но многу поинитензивни во северозападниот дел на Македонија. Иако, се уште нема излевање на реките, постои опасност зголемување на водостојот на поголемите реки.

ОД УХМР велат дека и денеска ќе се задржи облачно време со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, дури проследени и грмежи. Ќе дува умерен, а во повисоките места повремено засилен ветер, претежно од југозападен правец.

Евротип
Евротип
To Top