Новости

Македонија

Државата ќе менаџира со приватните клиники и ќе покрие дел од нивните трошоци

По денешната седница на Советот за безбедност претседателот Стево Пендаровски најави дека поради зголемениот број на новозаразени со ковид-19, државата ќе менаџира со приватните клиники, исто како и со државните здравствени институции.

Според Пендаровски, тоа не значи национализација, туку државата ќе биде во улога на менаџер и за сите услуги кои приватните здравствени установи ќе ги даваат ќе има компензирање. Државата, како што рече, ќе покрие не повеќе од 30 проценти од пазарната вредност на трошоците за лекувањето во приватните клиники.

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека сите ресурси на приватните клиники ќе бидат земени предвид, вклучително и болничките капацитети за сместување и кадарот.

„Периодот е навистина критичен и со оваа динамика на новозаразени, очекуваме еден период кога бројот на новодијагностицирани пациенти ќе биде линеарен“, рече Филипче.

Тој, одговарајќи на новинарски прашања, кажа дека заеднички со државните капацитети ќе се направи план за работа.

GOLD
To Top