Новости

Македонија

Државата ќе штеди на струја, ќе се гасат светлата на фасадите, спомениците, но и во самите објекти

Штедење ќе има рестрикции ќе нема. Владата на денешната седница усвои сет препораки за домаќинствата и компаниите за тоа како да се штеди потрошувачката на електрична енергија а за државните институции и објекти сет задолженија со кои предвидува во нив да се намали потрошувачката за околу 15 отсто и со тоа да се заштедат околу 130 гигавати струја.

Исклучување на амбиентални осветлувања на фасади, споменици, плоштади, минимално неопходно осветлување на улиците и патиштата се само дел од мерките видливи надвор. Во државните институции ќе се ограничи температурата на 27 степени во лето и 20 во зима, замена на светилки со шетдливи, гасење на компјутерите и светилките по завршувањето на работното време се само дел од задолжениејата.

Во секоја државна институција ќе има лице задолжено за спроведување на мерките и контрола и тоа ќе мора да поднесува извештај секој месец за вкупшната потрошувачка на струја во изминатите 30 дена која мора да биде најмалку за 15 отсто пониска со онаа од истиот месец минатата година. Доколку тоа не успее задолежното лице и раководителот ќе се соочат со казни според етичкиот кодекс на Владата, но Бектеши не прецизираше точно какви.

Бектеши е дециден дека рестрикции нема да има освен во случај на голема хаварија и испад на системот но и тогаш е договорено непречено снадбудавње со струја од странство за големите потрошувачи.

Директорот на ЕСМ пак соопшти дека во моментот работат со расположивиот полн капацитет и дека се складираат залихи на јаглен и мазут од увоз и сопствен ископ за претстојната сезона. Најголемиот производствен капацитет РЕК Битола ќе почне да рабопти со полн капацитет од ноември кога треба да проработи и третиот блок кој лани во ноември беше уништен во хаварија.

Владата на селдната седница ќе донесе одлука за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор која би стапила на сила во исто време со мерките на штедење односно 1 септември и ќе трае до крајот месецот додека во топлинскиот сектор ќе трае до крајот на грејната сезона.

Евротип
SNBROKER
To Top