Новости

Македонија

Државниот завод за статистика нема да ги отпочне пописните активности на терен

Од Државниот завод за статистика се огласија со соопштение во кое велат дека со оглед на новонастанатата ситуација нема да ги почнат активностите на терен.

„Со оглед на новонастанатата ситуација во врска со Пописот 2021, а во согласност со Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021, до завршувањето на постапката во Собранието на РСМ што се очекува многу брзо, Државниот завод за статистика нема да ги отпочне пописните активности на терен.
Со оглед дека е предвидено Пописот да трае 21 ден, односно до 21 април, Државниот завод за статистика смета дека има доволно време сите предвидени пописни активности да се завршат на време.
Во периодот додека се чека разрешница во Собранието, Заводот уште еднаш ќе направи проверка на сите организациско-технички активности на терен за да биде уште повеќе сигурен дека сè е подготвено за евентуално започнување со теренското попишување.
За сите активности што следуваат, Државниот завод за статистика навремено ќе ја информира јавноста“, се вели во соопштението на Државниот завод за статистика.

GOLD
To Top