Новости

Македонија

ДУХОВДЕНСКИ ПОНЕДЕЛНИК: Стар обичај за заштита на домот и семејството од лоша среќа

Дознајте што треба секоја жена да направи на Духовденски понеделник, според старите традиционални обичаи, за да се заштити домот од лоша среќа. Православните верници денес го празнуваат Духовденски понеделник, првиот ден после празникот Света Тројца.

Духовден или Дуовден е еден од најголемите 12 христијански празници. Се нарекува уште и Педесетница и е еден од најрадосните и најсветли празници во христијанството во кој се слави слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на педесеттиот ден од Христовото воскресение.

Овој настан претставува исполнување на старозаветните месијански пророштва. Педесетницата се нарекува уште и „крајот на празниците“, ден преку кој се довршува историјата на спасението остварено преку Исус Христос токму поради тоа што православното учење како една од службите на месијата го назначува токму крштевањето преку светиот дух, односно негово излевање врз човештвото.

Иако духот делува и пред и по Педесетницата, на овој ден тој се покажува во својот ипостас, а сѐ со цел самата историја на Спасението да се направи совршена. На овој ден започнува икономијата на светиот дух, тој е оној кој го собира божјиот народ во телото Христово, односно црквата.

Овој празник како и Велигден се празнува три дена. Во црногорското и хрватското приморје овие денови се нарекуваат и Русаље или Русаљи, а во Македонија и кај останатите Јужни Словени со православна вероисповед првиот ден од Духовден е и ден на Св. Троица.

На Духовден се внесувале билки во храмовите, од нив верниците плетеле венчиња кои ги носеле како заштита од де-моните, но и како практична заштита од молците и другите ште-точинки во своите куќи. Гро-бовите се прекривале со листови од орев, а некаде се кителе само крстовите.

На Духовден во Македонија не се спиело ноќе, на гро-биштата луѓето седеле цела ноќ и раздавале храна за ду-шата на по-којните. Задолжително е носење на цреши во земјани садови кои според верувањата со симболично давање на блиските кои ја преминуваат границата на оној свет и им служат на по-којните во тој задгро-бен живот.

Во Јужна Србија се верува дека човек роден на Духовден, секоја година на таа ноќ во стаклото на шишето во кое има вино може да ги види мрт-вите и да комуницира со нив, но пред да го стори тоа мора да помине низ обред-ни елементи меѓу кои е и да отиде до гро-бот без да се сретне со некого.

Потоа да појде од домот и да стигне до гро-бот во глуво доба, да пости седум дена пред Духовден и др. Некаде пак се верувало дека детето родено на тој ден не-ма да има среќа во жи-вотот.

Според народните верувања во текот на трите дена од Ду-хови не се прават големи прослави како свадби, крштевки и слично.

Меѓу народот раширено е верувањето дека во водата владеат некои з ли сили и дека во текот на овие три дена не треба да се капи никој во река.

Трите дена се обележани со црени букви во православниот календар и значи дека овие денови не треба да се вршат тешки фи-зички работи како шиење и слични „женски“ работи.

Православните верници денес го празнуваат Духовденски понеделник, првиот ден после празникот Света Тројца. На Духовденски понеделник се слави Светиот дух и со празникот се означува симнувањето на Светиот дух врз апостолите кои според записите ги примиле светите јазици и така започнале да го шират христијанството ширум светот.

Овој празник е вториот роденден на христијанската црква, а со него се поврзуваат и разни народни обичаи кои се почитуваат во разни делови од Македонија. Верниците денес во текот на молитвата плетат венчиња од цвеќе, а во црквите и храмовите се внесуваат билки, листови и цвеќиња.

Се верува дека жените треба да се измијат со водата во која стоеле цветовите од кои се плетат венчиња, за да може лицето преку цела година да им биде чисто и бело. Обичај е на овој празник да не се обавуваат никакви физички работи, и да не се плете.

Исто така, во некои краишта постои обичај, на овој ден да се присетиме на душата на по-којните и да направиме семејна гозба. Според народните верувања, со овој ри-туал го штитиме семејството од ло-ша среќа.

СН Брокер
To Top