Д-р Владимир Рендевски-заменик министер за здравство

На предлог на претседателот Ковачевски, Централниот одбор на СДСМ донесе одлука за замениците министри од СДСМ:
Заменик министер за финансии – Филип Николовски. Николовски е независен финансиски и инвестициски експерт, со долгогодишно искуство во финансиите и инвестициското банкарство.
Заменик министер за здравство – Доцент доктор Владимир Рендевски. Тој е доцент по хирургија и неврохирургија на катедрата на Медицинскиот факултет во Скопје, докажан хирург на Универзитетка клника за неврохиругија кој има објавено над 70 стручни трудови.
Заменик министер за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски. Дипломиран економист во насоката финансиско сметководствен менаџмент, актуелен заменик министер.
Инаку д-р Владимир Рендевски, во 2020 година ја доби општинската награда на Битола „4 Ноември“ за едногодишно остварување.
