Новости

Македонија

Д-р Драган Даниловски: „Кракенот“ не е опасен

Сојот на коронавирусот наречен Кракен, не предизвикува потешки симптоми. Коронавирусот постојано мутира за да опстане, но наспроти тоа, пандемијата е завршена, напиша Д-р Драган Даниловски на својот профил на Фејсбук.

Даниловски вели дека нема причини за загриженост, затоа што станува збор за високо заразен вирус, меѓутоа, со многу поблаги симптоми.

Статусот на Даниловски доаѓа откако вчера се појави информацијата дека во Гевгелија е изолирана подваријантата на Омикрон, XBB. 1.5, популарно наречена „Кракен“.

„Значи, состојбата во првите денови е слична како кога ќе фатиме грип или кога ќе настинеме. Сепак, во наредните денови ситуацијата почнува брзо да се комплицира и на скоро сите заразени лица на крајот им е потребна хоспитализација.“

Апелирам до граѓаните да си останат спокојни, да си продолжат без страв со секојдневниот живот и да не веруваат на несериозни портали.

Единствено останува препораката, тие што ќе пројават симптоми (кашлање, кивање, растечен нос), да се придржуваат до т.н. респираторен бонтон. Тоа подразбира да си стават маска кога се движат меѓу луѓе во затворен простор (особено во автобуси), а ако имаат покачена температура, да си останат дома“, стои меѓу другото во статусот на Даниловски.

Евротип
SNBROKER
To Top